Општинскиот превоз на пензионери во петок е прекинат поради коронавирусот

Македонска Каменица, 12.03.2020 година – Општина Македонска Каменица спроведе низа мерки кои ги извршува по препорака на Влада и Комисијата за заштита од заразни болести на Министерство за здравство. Во таа насока е прекинат и општинскиот превоз за пензионери од селските кон градската средина и обратно. Истиот ќе продолжи по нормализирање состојбите и отстранувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *