Општина Македонска Каменица се приклучува кон глобалната акција „Час на планетата Земја“

Вечерва, во периодот од 20:30 – 21:30 часот, општина Македонска Каменица ќе го исклучи уличното осветлување во знак на поддршка на глобалните иницијативи за климатски промени. Кон иницијативата #EarthHourMK може да се приклучат и сите останати заинтересирани физички и правни лица и заеднички да бидеме дел од најголемото движење за спас на нашата планета и нејзината неверојатна природа.

Инаку, овој настан започнал симболично во Сиднеј во далечната 2007 година и денес  прерасна во најголемата светска еколошка акција која инспирира и обединува поединци, заедници, бизниси и организации во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат заедничка акција за домот кој сите го делиме. Акцијата се покажа како исклучително успешна за климата и биодиверзитетот на Земјата, а тоа пак, докажува дека заедно, сè е можно.

ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈА И ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ ДЕНЕС, ВО ПЕРИОДОТ ОД 20:30-21.30 ЧАСОТ!

Makedonska Kamenica

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *