Општина Македонска Каменица објави Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Македонска Каменица-, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019-година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Хумани вредности”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
  • жртви на семејно насилство
  • лица со попреченост
  • жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
  • лица припадници на ромската етничка заедница
  • самохрани родители
  • родители на деца со пречки во развојот
  • родители на 3 и повеќе деца
  • родители на деца на улица
  • осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
  • бездомни лица
  • поранешни корисници на дрога
  • лица со незавршено средно или пониско образование

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  • Социален работник – ВСС – 1 лице, ангажирање за лица со посебни потреби
  • Логопед –ВСС – 1 лице, ангажирање за лица со посебни потреби
  • Воспитувач – Више образование – 1 лице, ангажирање во детска градинка
  • Негователки – ССС – 2 лица, ангажирање за лица со посебни потреби
  • Негователи – ССС – 3 лица, ангажирање за нега на стари лица
  • Инвалидно лице – Основно образование – 3 лица, ангажирање за советодавни услуги

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево во периодот од 05.08.2019 година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Македонска Каменица и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Македонска Каменица кај лицето Миран Митревски, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Делчево  кај лицето Билјана Прачковска,  Центар за социјлна работа Делчево кај лицето Николчо Захариев.

         АВРМ – ЦВ  Делчево                                                             Градоначалник на општина

              Раководител                                                                          Македонска Каменица

         Билјана Прачковска                                                                       Соња  Стаменкова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *