Општина Македонска Каменица обезбеди 1.700.000 денари за замена на столаријата на горниот кат од ООУ “Св. Кирил и Методиј”

Македонска Каменица, 03.03.2020 година – Врз основа на објавениот Јавен повик од Владата на РС Македонија за реализација на Програмата за енергетска ефикасност и намалување на аерозагадувањето за 2020 година и според изборот и рангирањето на општините корисници на средства, за општина Македонска Каменица се издвоени 1.700.000,00 денари.

Одобрените средства од Комисијата за спроведување на постапката за избор на општините корисници во општина Македонска Каменица се предвидени за набавка на столарија на горниот кат од ООУ „Св. Кирил и Методиј“. Со ова, за само две години покрај инсталирањето на новиот систем за затоплување и реновирањето на спортската сала во училиштето, целосно ќе биде завршен процесот на замена на надворешната столарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *