Општина Македонска Каменица изврши надградба на ПП возило за потребите на ТППЕ

Македонска Каменица, 24.08.2020 година – Како што стои во текстот од официјалната објава на налозите на социјалните мрежи, по претходно спроведена Јавна набавка целосно е завршена надградбата на ПП возилото за потребите на ТППЕ Македонска Каменица.

Со ова, како што известуваат од општина Македонска Каменица: ТППЕ Македонска Каменица според потребите за делување на единиците, добива зголемена мобилност и олеснет пристап до крајните населени места на територијата на општина Македонска Каменица.

Со издвоените средства во висина од 1,2 милиони денари општина Македонска Каменица ја подобрува ефикасноста на ПП возилото за зголемена безбедност на граѓаните и нивните имоти при појава на пожари и останати природни непогоди, – дополнуваат во текстот објавен на официјалниот налог од општината

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *