Општина Македонска Каменица го враќа бесплатниот јавен превоз за жителите од руралните средини

Македонска Каменица, 12. Јануари 2023 година – Општина Македонска Каменица го враќа бесплатниот јавен превоз за жителите од руралните средини.

– Со утрешното пробно превезување на жителите од селата Саса, Моштица и Дулица, започнуваме со даденото ветување кон граѓаните за бесплатен превоз кон сите рурални средини, – стои во известувањето од кабинетото на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски каде во продолжение се вели дека, веќе од наредниот петок ќе биде воведен бесплатен јавен превоз за жителите и од останатите рурални средини.

Во зависност од потребите, Општина Македонска Каменица ќе креира Возен ред, а според потребите на располагање ќе бидат ставени двете општински комби возила.

Возен ред за петок (13.01.2023)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *