Општина Кочани ќе ги менува грбот и знамето, Маршал Тито повторно ќе добие улица

Образложение за постапката дадоа од општинската администрација, при што беше нагласено дека ќе биде неопходно и менување на Статутот на Општината.

– Во Статутот се дадени елементите и на грбот и на знамето, а доколку се усвои оваа одлука ќе следи согласно Статуто, треба да се распише конкурс, Советот го распишува конкурсот, и во исто време формира посебна комисија која ќе ја спроведе постапката, односно на конкурсот ќе се побара ликовно, односно графичко решение и на грбот и на знамето. Од истите, Kомисијата ќе предложи, а Советот со посeбна одлука ќе го избере решениетo на конкурсот, а дури потоа ќе се пристапи кон измена на Статутот, рече Венцо Бојков од Одделението за правни работи на Општина Кочани.

Актуелниот грб и знамето на Општина Кочани беа беа усвоени на седницата на Советот што се одржа на 29 јануари 2010 година. Нивен автор е Стојанче Величковски, откако неговите предлози беа избрани на конкурсот што тогаш беше објавен.

Освен за промената на симболите на Општината, Комисијата за култура образование и спорт ја разгледуваше и предлог-листата за именување улици, на која покрај другите стојат и имињата на некогашните претседатели на Македонија, Киро Глигоров и на Југославија, Јосип Броз Тито. Сепак, предложено беше наместо целиот, да се стави поранешниот назив “Маршал Тито“, за што со три гласа “за“ и еден “воздржан“ исто така беше дадена согласност.

Освен овие, на листата за која ќе се бара согласност од Владата на Република Македонија има уште 10 имиња на личности кои дале свој придонес за развојот на општината. Исто така, предложени се и називи со датуми што се значајни за македонската и светската култура и историја, потоа имињата на градовите со кои Општина Кочани е збратимена, како и имињата на географските обележја Пониква и Султан Тепе, односно Царев Врв.

Извор: Канал8 Кочани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *