Македонска Каменица, 22.11.2019 година – Општина Македонска Каменица распиша тендер за доопремување на Товарно возило тип Great Wall Steed 5
Доопремата вклучува инсталирање на агрегатна високопритисна противпожарна пумпа, витло со млазница и резевоар за вода и пенило.
Со ова општина Македонска Каменица ќе задоволи дел од потребите на ТППЕ за непречено интервенирање и во најоддалечените рурални средини и планински простори на територија на општината. Ќе се зголеми ефикасноста на единицата и безбедноста на граѓаните и нивните имоти ќе биде на повисоко ниво.
Целосниот Јавен оглас можете да го погледнете овде.