Означен стартот на подготовките за пролетниот дел на ФК Каменца САСА

Македонска Каменица, 16.01.2020 година – ФК Каменица Саса означи официјален почеток на тренажниот процес пред пролетниот дел од натпреварувањата во Втората македонска фудбалска лига – Исток.

ФК Каменица Саса во есенскиот дел го заврши на 5 место од второлигашката табела, со 20 освоени бодови. Стратегот на одличната игра на каменичани, Здравкови претседателот на клубот Климент Георгиев со неколкуте засилувања и имиња во клубот, најавија интересна сезона и атак на првите 4 места од табелата. На денешниот првичен состанок присуствуваше и градоначалничката Соња Стаменкова која пред присутните ги поздрави досегашните позитивни резултати и одличните успеси.
Вложувањата во спортот се инвестиција во вистинските вредности за правилен развој на младите и успешна промоција на заедницата, – рече Стаменкова

Од страна на градоначалничката Стаменкова кон фудбалерите и членовите на клубот беа искажани желби за добра игра, многу победи и значајни успеси на сите фудбалери, спортски работници и членови на клубот. Додавајќи дека “силната поддршка на спортот е силна заложба и врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа и дополнителен поттик за уште поголеми спортски достигнувања во нашиот град”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *