Од понеделник исплата на јануарските пензии

Пензионерите ќе може да располагаат со јануарските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30 јануари, е одлука што е донесена на седница на владата, по предлог на Министерството за труд и социјална политика.

На деловните банки им се препорачува преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата.

Исплатата на пензиите до 11.000 денари ќе се изврши на 30 јануари (понеделник), пензиите во износ од 11.001 денар до 14.000 денари на 31 јануари, (вторник), пензии во износ од 14.001 до 18.000 денари на 1 февруари (среда) и пензиите над 18.001 денар на 2 февруари (четврток).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *