Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)

Порано имавме многу голмани кои изведуваа пенали, слободни удари, односно асови со голгетерски учинок кој можат да имза видат многу играчи.

Сега ретко гледаме такви ситуации, односно имаме по некој инцидентен случај голман да даде гол при прекин (корнер, слободен удар) но има некои исклучоци како што минатиот викенд во Чиле.

На дуелот меѓу Кобресал и Коло Коло кој заврши со 3-1 третиот гол за домаќините го даде чуварот на мрежата, Леандро Рекена и тоа откако буквално погоди од гол на гол.

Тој ја испрти топката на противничката половина, неговиот колега на спротивната страна имаше лоша проценка, па Рекена се запиша во листата на стрелци.

Според „ТНТ Спортс Чиле“ овој гол е постигнат од 101 метар, односно ако ова официјално биде потврдено тогаш Леандро ќе биде нов рекордер и ќе го надмине досегашниот учинок на Том Кинг кој стрелаше од 96,01 метар во 2021 година.

Извор: Дерби.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *