Од вторник носењето на зимска опрема во возилата е задолжително. Казните за непочитување на обврската се огромни

Во вторник следната недела (15 ноември) почнува да важи обврската за задолжително носење зимска опрема во возилата, која ќе трае сѐ до 15 март наредната година, потсетуваат од  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата(РСБСП).

zimska-oprema-lanci

Апелираат  до возачите  да направат зимска проверка и подготовка на возилата,  навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема,  и секогаш да ја носат во своето возило  и  правилно да  ја користат.

Како што појаснуваат од РСБСП, под зимска  опрема  за моторните  возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 килограми се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од четири милиметри (4 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази,  минимум од четири милиметри (4 мм) и синџири за снег со адекватна големина  за погонските  тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, од шест милиметри (6 мм) или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, од најмалку четири милиметри (4 мм).  Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *