Одобрени средства од МОН за реконструкција на кровот во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.07.2021 година – Министерството за образование ви објави резултатите од рангирањето на проекти по пристигнати и неодбиени апликации (барања) од Јавниот повик за доставување на апликации (барања) за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти нa општински основни и средни училишта под надлежност на општините и на Градот Скопје со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука.


Во Општина Македонска Каменица преку апликација од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде реализиран Проектот за делумна реконструкција на кровот. Со ова општина Македонска Каменица целосно го завршува процесот на реконструкција на овој Проект, кој во изминатите години е решаван само парцијално.

Линк до резултатите од Јавниот повик на МОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *