ОДЛИЧНА ВЕСТ: ПЕТАР МИТРЕВСКИ ПОВИКАН ВО У17 РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

Македонска Каменица, 15. Април 2023 година – Пред малку, ФК Каменица САСА на својот официјален налог на социјалните мрежи, објави одлична вест. Младиот Петар Митревски (16) е повикан во У17 репрезентацијата на Македонија.

– После неколку одиграни натпревари за нашиот тим, Петар Митревски е повикан за У17 селекцијата на Македонија на собирот од 17 до 21 Април. Среќно Пепи и ти посакуваме многу успешни натпревари, – стои во текстот од објавата на ФК Каменица САСА

Ова е одлична шанса и дополнителна можност за младиот Митревски, знаејќи дека настапите во младинските репрезентации, секогаш носат ново и позитивно натпреварувачко искуство. Митревски, во пролетниот дел одигра неколку натпревари за првиот тим за ФК Каменица Саса. Прикажа одлична и стабилна игра, со мудри и одмерени фудбалски потези.

Денеска, во рамки на 24. Коло на Втората фудбалска лига на Македонија, екипата на ФК Каменица Саса не успеа да дојде до значаен бод во натпреварот против ФК Арсими од Чегрене. Натпреварот заврши со 2:1 за домаќините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *