ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД КИЦ РОМАНСА: ЗАПОЧНУВА КУРСОТ ЗА ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД КИЦ РОМАНСА: ЗАПОЧНУВА КУРСОТ ЗА ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ

КИЦ Романса од Македонска Каменица го најави почетокот на курсот за театар за деца и младинци. Пријавувањето за курсот започнува од понеделник 05 септември 2022 година. Покрај ученици и студенти, можат да се пријават сите деца и младинци, како од Македонска Каменица, така и од околните градови.

“Пријавувањето ќе трае до 24 септември 2022 година, кога е планирано да започне курсот” – велат во најавата од Култуено информативниот центар од Македонска Каменица, каде во продолжение на текстот стои дека, “Часовите по театар ќе ги држи нашата сограѓанка Тара Димитровска, дипл. актер за театар и филм”.

Ако твојот сон е да станеш артист, ова е твојата шанса, – велат од КИЦ Романса, од каде дополнуваат дека
“Пријавувањето за курсот ќе се врши, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, во просториите на Домот на култура во Македонска Каменица. Заинтересираните лица, преку следниов телефонски број 078 566 469 можат да стапат во контакт со директорот на КИЦ Романса, Гоце Стојановски”.

Ова е прв проект од ваков вид во долгогодишното постоење на КИЦ Романса, преку кој младите во Македонска Каменица добиваат можност да го покажат својот талент за актерство и глума.

Можеме слободно да кажеме дека курсот за млади, како новина во доменот на културните збиднувања во градот, ќе биде насочено кон подоврување на квалитетот на вон школските активности на ситр наши помлади сограѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *