Ова се цените за еден гигабајт интернет во светот

Ова се цените за еден гигабајт интернет во светот

 

 

Потрошувачката на еден гигабајт мобилен интернет е најевтина во Индија, а најскапа во Зимбабве. Во нашиот регион интернетот е најевтин во Словенија, а Македонија се најде на 78. место на листата.

Британската страница „Кејбл“ ја истражувала цената на еден гигабајт мобилен интернет во светот. Анализирајќи 6.313 пакети мобилен интернет во 230 земји, тие утврдиле дека интернетот е најевтин во Индија (0,26 долари), а најскап во Зимбабве (75,20 долари за еден гигабајт).

По Индија, најевтините пазари се во Киргистан, Казахстан и Украина. Меѓу пазарите од Западна Европа, мобилниот интернет е најевтин во Финска (1,16 долар по гигабајт). Најскапата земја кога станува збор за интернет во Западна Европа е Швајцарија.

Во регионот, Словенија нуди во просек најевтини мобилни пакети со просечна цена од 2,21 долара за еден гигабајт.

На второто место е Албанија со 3,22 долари за гигабајт, па следува Босна и Херцеговина, каде што еден гигабајт мобилен интернет во просек чини 3,58 долари, а слична е ситуацијата и во Македонија, каде што цената за еден гигабајт е 3,62 долари.

Потоа следува Црна Гора со 4,26 долари за еден гигабајт, па Србија со 4,83 долари за еден гигабајт и Хрватска со 4,89 долари просечна цена за еден гигабајт мобилен интернет. Во Бугарија еден гигабајт мобилен интернет просечно чини 7,15 долари, додека во Грција 32,71 долари.

Интересно е што веднаш по Македонија на листата се најде Шведска, која е на 79. место и каде што еден гигабајт мобилен интернет во просек чини 3,66 долари.

Инаку, најниската цена во Македонија за еден гигабајт интернет е 0,57 долари, додека највисоката е 18,24 долари.

Мапата и целосната листа може да ги видите тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *