Оваа недела 6 текстилни работници ги пријавиле своите газди за кршење на работничките права

За една недела шест текстилни работници, пријавиле неправилности на интернет. Пријавите се однесуваат на кршење на основните работнички права, а шанса за пријава им даде Здружението Гласно, преку специјализираната  веб страница zdruzenie.glasno.press.

  • Апликацијата е активна веќе една недела. Досега имаме шест пријави, кои што се однесуваат најчесто на прекинување на договорите на определено, за користењето на годишниот одмор, за боледувања и прекинати договори во текот на нив, и слични прашања кои што ги поставуваат до нас самите работници, изјави Горан Трајков, претс. на здруж. „Гласно“.

Правната служба на здружението веднаш почнала и со обработка на пријавите и проценка дали има простор за институционална интервенција или не.

  • Во дел од прашањата кои што беа поднесени од страна на работниците, досега нема потреба за ангажирање на институциите, затоа што нашата правна служба ги толкуваше нивните дилеми и ги информираа дека тие права и законски обврски се направени според закон, изјави Горан Трајков, претс. на здруж. „Гласно“.

Инаку, годинава пред активирањето на веб страницата, „Гласно“ пријавите за прекршоци ги примал во писмена форма, а случаи во кои работници се пожалиле од своите работодавци имало над 2 илјади.

  • Имаме евиденција, станува збор за 2300 прекрувања на работнички права, тоа се однесува најчесто за некористење на годишниот одмор, неплаќање на прекувремената работа, условите во кои што работат самите работници, хигиенско-техничките услови, заштитата при работа, пријави за неземање плата, изјави Горан Трајков, претс. на здруж. „Гласно“.

Досега по овие прекршоци здружението помогнало и во поднесувањето тужби.

  • Тужби има пуштено, меѓутоа постои секогаш една практика кај овие работодавци, кои имаат по повеќе фирми, така што ако тужбата стигне од едната фирма, тие продолжуваат со друга фирма да работат и тука имаме еден системски проблем, каде што ќе мора да се направат нови законски решенија, изјави Горан Трајков, претс. на здруж. „Гласно“.

На годишно ниво според неофицијалната статистика, во Штип има над 5 илјади прекршоци над работинчките права, па од „Гласно“ се надеваат дека токму веб страницата, но и зголемената доверба на работниците, ќе придонесат прекршоците да се намалат, но и дека ќе се случи она најважното – институциите да ја вратат довербата кај граѓаните.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *