Објавен ЛИКОВНИОТ КОНКУРС на тема „Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“

 

Културно информативниот центар „Романса“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ во соработка со општина Македонска Каменица објавуваат:

Л И К О В Е Н     К О Н К У Р С 

на тема: „Миле Јаневски Џингар – од детство до вечноста“

 

Право на учество на Ликовниот конкурс имаат учениците од прва до четврта година при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица.

Учениците можат да учествуваат со изработка на: цртежи, слики, скулптури и останати дела од ликовната уметност. Бројот на ликовни дела за учество не е ограничен.

Најдобрите дела ќе бидат наградени со вредносни ваучери:

  • прва награда – 3000 ден.
  • втора награда – 2000 ден.
  • трета награда – 1000 ден.

Творбите во шифрирана форма се доставуваат до просториите на Домот на култура во Македонска Каменица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Конкурсот трае од 06.04.2021 година заклучно со 19.04.2021 година. Творбите доставени  по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.

Прогласувањето на најдобрите ликовни дела ќе биде на 28.04.2021 година во рамки на одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Миле Јаневски – Џингар“.

Ликовните дела остануваат во сопственост на КИЦ „Романса“ и СОУ „ Миле Јаневски Џингар“, истите можат да се користат за потребите на општина Македонска Каменица.

 

Културно информативен центар
„Романса“ Македонска Каменица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *