Облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините снег

Облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините снег

 

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Врнежите на планините ќе бидат од снег, а кон крајот на денот на повисоките места особено во западните делови и на североистокот повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

На југозапад ќе има услови за појава на ретки грмежи, информираат од УХМР.

Дневните температури преку денот нема многу да се покачат и ќе се пониски и за повеќе од десетина степени од вчерашните. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со слаб до умерен дожд и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *