Коченац со закани се обидел да изнуди секс. Предмет на уцена биле две 23-годишни девојки . На нив тој во фејсбук порака им се заканил дека јавно ќе објави експлицитни фотографии од нив . Услов, она што не сакаат да не излезе во јавноста, е двете да се согласат на љубовен чин со него.
Наместо на понудениот договор, девојките сепак се одлучиле за поразумна варијанта, па случајот го пријавиле во полиција.
Истрагата открила дека уценувачот е 28-годишник од Кочани, од кого се одземени лаптоп и мобилен телефон. Се работи на расчистување на случајот.