Нормализирано снабдувањето со вода во Македонска Каменица

 

Македонска Каменица, 15.04.2019 година – ЈП Камена Река ги известува своите корисници на водовоната линија дека замената на дотраените и нефункционални вентили е завршена. Снабдувањето со вода, по 4 часовен прекин повоторно е нормализирано. Од овој момент улиците Осоговска, Македонска, Езерска и Илинденска повторно се приклучени на водоводната мрежа.

При денешните редовни активности извршивме замена на неколку дотраени и нефункционални вентили и фасонски елементи од водоводната мрежа. За најавениот прекин на водоснабдувањето на домовите на жителите од улиците Илинденска, Македонска, Езерска и дел од Осоговска им се извинуваме на граѓаните и им благодариме за нивното разбирање, – изјавија од ЈП Камена Река – Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *