Нов снежен бран во Македонија. На одредени места и до 40 сантиметри снег

Продолжува снежното и студено време во Македонија.

Денес ќе имаме значително зголемување на снежната покривка на повеќе места и за 20 до 30 сантиметри, најавува УХМР врнежите ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Најмногу врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cантимтери нов снег.

Како што информира УХМР, најмногу снег утрово има во Маврово, 69 сантиметри, а најмалку во Штип, еден сантиметар. Наврнати се четири сантиметри снег во Виница, пет во Претор и Прилеп, седум во Демир Капија, 10 во Крива Паланка, 13 во Струмица, 14 во Тополчани и Куманово, 16 во Скопје, 21 во Битола, 26 во Берово, 27 во Тетово, 29 во Крушево, 34 во Ѓуриште, 45 во Пожаране и 58 во Лазарополе.

Времето денес е облачно со локални, претежно слаби врнежи од снег, а на крајниот југоисток со слаб дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До крајот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од снег. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.

Минималните температури се движат од -6 во Маврово, -4 Ѓуриште, Пожаране, Крушево, -3 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, -2 Скопје, Куманово, Тополчани, Претор, -1 Тетово, Прилеп, 0 Демир Капија, Битола, Виница и Штип, еден Струмица, до два степена во Охрид, Гевгелија, Дојран.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови.

Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *