Нов пораз на Саса. Каменичани се на дното на табелата во ВМФЛ.

На денешниот натпревар кој се одигра во Македонска Каменица, екипата на Саса забележа нов минимален пораз од Брегалница Штип. Голот за гостите го постигна Ристе Наумов во 75-тата минута. Со овој пораз Саса останува на последното место на табелата во Втората Македонска Фудбалска Лига.

На останатите натпревари од ВМФЛ се постигнати следниве резултати:
Плачковица – Борец 0-0
Кит Го – Детонит јуниор 3-0
Партизан Обршани – Тиквеш 0-3
Вардар Неготино – Кожуф 0-3

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *