Ново и современо возило за транспорт на смет во Македонска Каменица

ЈП „Камена Река“ обезбеди современо возило за транспорт на смет

Општина Македонска Каменица доби специјално возило за транспорт на смет како дел од Европскиот проект за изградба на регионална депонија.

Возилото е современо, според сите еколошки стандарди и зафатнина од 10 m3. Со него се обезбедува сигурен транспорт на смет и олеснување на селокупната процедура за управување со отпадот.

Користењето на возилото ќе придонесе за заштеда на резервни делови, гориво и масло, при што заштедените средства ќе бидат инвестирани за набавка на механизација со која ЈП Камена Река ќе ги подобри ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи, како во однос на комуналната хигиена така и во однос на другите сектори.

Со ова општина Македонска Каменица и ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за јавната чистота и комуналната хигиена во иднина ќе работат според ЕУ стандарди во однос на складирање и селектирање на отпадот, во рамки на проектот кој предвидува изградба на Регионалната депонија и повеќе локални и градски депонии на територијата на општините во Источно планскиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *