„Новогодишен базар“ во каменичкото основно училиште

Денес, учениците од IV одделение, под менторство на своите одделенски раководители организираа „Новогодишен базар“ во холовите на ООУ „Св, Кирил и Методиј“. На „тезгите“ беа понудени најразлични новогодишни производи изработени од вештите раце на четвртоодделенците, надополнето со вредните родителски раце, а секако најголемата мотивација доаѓа од наставниците. Пазарот предизвика голема заинтересираност и за кратко време сите производи беа распродадени. Купуваа ученици, родители, наставници, технички персонал и службите од нашето училиште.
Ова е дел од традицијата во  ООУ „Св, Кирил и Методиј“ за сорабoтката помеѓу учениците, наставниците и родителите.
Денешната активност ќе биде мотив и поттик за натамошни активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *