НОВИ ПРАВИЛА: НЕМА ПОВЕЌЕ КАЗИНА И КЛАДИЛНИЦИ НА СЕКОЕ ЌОШЕ

Во нивното образложение се вели дека во автомат клубовите се поставуваат автомати кои се постари од 15 години и дека на приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати.
Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, со добивање на една лиценца за автомат клуб имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории. Ваквиот начин на отворање има позитивен ефект само за приредувачите, а негативен ефект врз државниот буџет.
Исто така, државниот буџет трпи по основ на помалку остварени приходи од приредување на игри на среќа во обложувалниците. Со цел да се регулира увозот на автомати не постари од една година, во предлог законот ќе се уреди издавањето на лиценца на правни лица кои ќе вршат увоз и дистрибуција на автомати.
Со овој предлог закон кај приредувачите на игри на среќа во автомат клуб се враќа лиценцирањето на секоја деловна просторија, а кај приредувачите на игрите на среќа во обложувалница се предлага со една издадена лиценца од страна на Владата да можат да се отворат 50 уплатни места и банкарска гаранција т.е депозит од 500.000 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *