Нови детали од сообраќајната несреќа кај Крупиште (Кочани- Штип)

Четири лица се тешко повредени, во директен судир на два автомобила кај Крупиште. Со две амбулантни возила, повредените итно се пренесени во Клиничката болница во Штип и засега нема поконкретни информации за нивната состојба и типот на повреди.

Интензитетот на судирот бил толку силен, што повредени од возилата биле извлекувани со интервенција на пожарникарите:

  • Имавме дојава за сообраќајна несреќа. Возилото опремено за такви интервенции со пет пожарникари интервенираше на лице место и за кратко време ги извлекоа повредените луѓе , изјави Тони Ѓорѓиев, командир на смена во ТППЕ – Штип.

Директниот судир кај Крупиште беше причина за застој на сообраќајот во двата правца.

Патот кај Крупиште е една од црните сообраќајни точки во регионот и место на чести несреќи. Причините за нив, најчесто се брзото возење, односно непочитувањето на сообраќајните правила.

Што точно овде се случило денес, треба да утврдат резултатите од полицискиот увид.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *