Нова донација книги од КИЦ “Романса” за библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица

Библиотеката “Крсте Петков Мисирков” во Македонска Каменица доби нова донација книги од Културно информативниот центар „Романса“.
– Станува збор за наслови кои КИЦ „Романса“ ги доби при минатонеделниот еднодневен саем на книги оранизиран заедно издавачката куќа „Сакам книги“ во просториите на Домот на култура, – истакна Гоце Стојановски, директор на Културно информативниот центар.
– Од Библиотеката во Македонска Каменица, која работи како клон на ЈЛБ “Илинден” – Делчево, упатува благодарност до КИЦ „Романса“, при што истакнуваат подготвеност и отвореност за продлабочување на соработката помеѓу овие две институции во нашиот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *