Димитри Паје дошол да му се извини на Роналдо
Кристиано Роналдо дознал колку ќе отсуствува поради повредата која ја добил после налетот на Паје.Од теренот ќе мора да отсуствува еден месец. Но, лошата вест не му ја расипала прославата после победата над Франција после која синоќа Португалија ја освои титулата на првак на Европа.
Роналдо веќе после 25. минути морал да излезе од теренот поради повреда на коленото со која се здобил после „сударот“ со Димитри Паје. Португалската звезда повредата ја добила веќе во осмата минута, но продолжил да игра се додека не го изнеле на носила.
Лекарите откриле дека му настрадале лигаментите и дека Кристиано ќе добие еден месец „одмор“. Поради тоа,најверојатно ќе го пропушти натпреварот во Супер купот помеѓу Реал Мадрид и Севиља на осми август.
Поучени од неговата упорност и изнаоѓање алтернативни методи (како случајот со матичните клетки пред финалето на Лигата на шампионите) нема да чуди Роналдо и да заигра на осми август.
Но, медиумите пренесоа и друга вест додека седел на тревата по повредата. На лицето на Кристиано слетала пеперутка па интернетот се „наполни“ со такви фотографии и коментари а сите се во смисла на побрзо опоравување на понатиот фудбалер.