Не се излегувајте без нужна потреба од домовите!

Многу е важно е да се почитуваат и укажувањата и рестрикциите и за дневни движења, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски, при синоќешниот увид на неколку полициски пункта непосредно по стартувањето на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија од 21 до 6 часот наутро.

Одговорноста е на сите нас. Не е само на здравството, на полицијата, на армијата, туку оваа мерка треба да ја почитуваат сите граѓани на нашата земја. Колку поодговорно се однесуваме, толку поодговорно ќе се справиме со целата оваа ситуација. Јас во оваа прилика апелирам до секој граѓанин на одговорност, апелирам да останат дома, да не се излегува без нужна потреба од домовите. Само така ќе застанеме на патот на ширењето на вирусот. – рече Спасовски.

Тој упати благодарност до здравствените работници, на сите полицајци, на Армијата, на пожарникарите, на комуналните претпријатија, на новинарите.

Сите сме заедно на фронтот на битката за здравјето, за животот на граѓаните. Сакам да бидеме сплотени, единствени, да ги почитуваме одлуките на институциите, да се држиме заедно и да останеме здрави и да победиме во оваа битка. – рече Спасовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *