Несовесни граѓани ја оштетиле водоводната мрежа во село Дулица

Македонска Каменица, 15.05.2020 година – Во текот на вчерашниот ден, екипа на ЈП Камена Река изврши поправка на намерно предизвикана штета на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Случајот на овој дел од водоводната мрежа се повторува секоја година. Сепак, штетата од несовесното однесување, покрај предизвиканите проблеми и создадените трошкови за санација на дефектот, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица.

Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект. Апелираме до граѓаните да престанат со несовесното однесување и ваквите намерни оштетувања.
Инсистираме, надлежните да ги засилат контролите и да воведат санкции кон сторителите, како мерка за спречување на оштетувањата на водоводната мрежа, така и зеленилото во градот и поставената урбана опрема
, – додадоа во својата изјава од ЈП Камена Река

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *