Неделна временска прогноза

Денес е понеделник, 15 август 2016 година, 228-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:37, а ќе зајде во 19:36 часот. Денот ќе трае 13 часа и 59 минути. Свежо и сончево утро имаме денеска во Македонија, со утрински темпертури кои повторно се под просекот за овој период од годината, но за 1-2 степени повисоки од вчерашните. Насекаде над Македонија небото е ведро.

МАКЕДОНИЈА
– Во Македонија денес во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ – Во Скопје по свежото утро, во текот на денот ќе биде сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Идентично време не очекува и во Македонија во наредните денови. Во вторник сончево и потопло со максимални температури кои ќе се движат од 26 до 37 степени. Во вторник, среда и четврток претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со максимални температури кои ќе се достигнат до 27 односно до 38 степени.

До крајот на оваа недела се очекуваа температурно стабилизарање на атмосферата и враќање на температурите кои што се вообичаени за овој период од годината. Веќе од сабота не очекуваат враќање на летото и температури кои што се вообичаени за месец август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *