На 2-ри Мај, работниците од „Саса“ ќе одлучат дали ќе го прифатат покачувањето на платата од 5.500 денари

На 13-тата седница на извршниот-штрајкувачкиот одбор на Синдикалната организација при САСА МЕСО-ССМ, која се оддржа на 28-ми април е разгледувана понудата од менаџерскиот тим на Рудник „Саса“ за покачување на платата од 5.500 денари.

Извршниот-штрајкувачкиот одбор на истата седница донесе одлука да се свика целото синдикално членство и да бидат поканети сите работници во Рудникот и заеднички да одлучат дали понудата ќе биде прифатена или не. Вработените ќе се соберат на 2-ри мај 2018 година, во 17.00 часот, во Домот на култура во Македонска Каменица.

Во прилог е и Соопштението кое Синдикалната организација при САСА МЕСО-ССМ го објави на својата фејсбук страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *