На денешен ден

14 јуни 2016

– Ден на знамето на САД

– Светски ден на крводарителството

1777.- Конгресот на САД го прифати знамето “ѕвезда и пруга” како официјално државно знаме.

1800.- Наполеон Бонапарта на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија.

1904.- Во Сремска Каменица умре Јован Јовановиќ Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар, еден од најпопуларните детски писатели, кој се смета за родоначалник на српската поезија. Негови познати дела се “Пејанија” и “Трендафилчиња”. Како новинар основа и уредуваше повеќе списанија од кои најзначајни се сатиричното дело “Змај” и списанието за деца “Невен”. Роден е во Нови Сад, на 6 декември 1833 година.

1928.- Роден е аргентинскиот револуционер Ернесто “Че” Гевара, кој прерасна во симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот, особено меѓу младите. Дипломира медицина во Буенос Аирес во 1953 година, а потоа отиде во Гватемала, па во Мексико, каде го запозна Фидел Кастро, со чија експедиција во 1956 година се истовари на Куба. По победата на револуцијата во 1959 година, во 1961 година стана министер за стопанство, а Куба ја напушти во 1965 година со намера во Боливија, каде и е убиен во 1967 година, да поведе востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашните олигарси.

1940.- Германските фашистички трупи влегоа во францускиот главен град Париз, еден ден откако беше прогласен за “отворен град”.

1941.- Председателот на САД Френклин Розвелт нареди во Втората светска војна да се замрзне сиот имот на Германија и Италија во САД.

1993.- Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција.

1994.- Во Лос Анџелес умре Хенри Мансини, познат американски композитор на музика за многу филмови. Роден е во Кливленд, на 16 април 1924 година.

1996.- Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар.

2005.- Австрискиот претседател Хајнц Фишер го потпиша документот на австрискиот парламент со кој и формално е ратификуван Уставот на ЕУ. ( МИА )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *