НАШ РЕЦЕПТ: Шах колач со шербет

Шах колач со шербет

За соединување на смесата не ви треба миксер. За жолтиот дел ставете ги сите состојки освен брашното во некое вангличе, измешајте со некоја жица за матење или лажица и почнете со додавање на брашното. Мешајте да се впие брашното, да се добие смеса од која ќе можете да формирате топчиња. Во зависност од големината на јајцето, некогаш е потребно 2 чаши, некогаш плус 1/3 од чашата. Чашата е од 250 мл.

Истото направете го исо темната смеса.

Тавата во која ќе печете премачкајте ја со маргарин.

Правете мали топчиња, наизменично од двете смеси, со големина помали од орев. Редете ги едно до друго во тавата. Кога ќе се наполни, ставете ги да се печат на 180 степени, петнаесетина минути. За тоа време сварете го шербетот, нека врие две-три минути. Прелијте го колачот. Млак шербет, ладен колач.

Мармаладот од кајсии поминете го низ сито и со четче премачкајте го колачот. Изладете го убаво и послужете го.

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%d1%88%d0%b0%d1%85-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87/fb?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook

Состојки
Жолт дел
2 јајца
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 лажиче пециво
2 пакетчиња ванилин шеќер
2 лажици гриз
кора од 1 лимон
Темен дел
2 јајца
1/2 чаша шеќер
1/2 чаша масло
2 чаши брашно
1 лажиче пециво
2 лажици какао
Шербет
2 чаши шеќер
1 и 1/2 чаша вода
парчиња од 1 исечкан лимон
3-4 лажици мармалад од кајсии (за премачкување)

Прочитај повеќе: https://moirecepti.mk/post/%d1%88%d0%b0%d1%85-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87/fb?utm_source=dlvr.it&utm_medium=facebook

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *