Три гласа “ЗА” од жирито беа доволни за понатамошно учество на Дамјан Стоименовски во детското шоу “Некои Нови Клинци”. Со воодушевување сите го проследија настапот на петнаесет годишниот Дамјан Стоименовски од Македонска Каменица кој се претстави со песна од Жељко Јоксимовиќ ,,Није љубав ствар”.
Но и покрај малите интонативни грешки и проблемите со матрицата кои ги слушнавме во рефренот сепак Дамјан успеа да го воодушеви жирито со неговата харизма, енергија, убавина и стајлинг. И покрај тоа што успеа да обезбеди пласман до баражот, за жал не успеа да помине во вториот круг. Но сепак ќе му држиме среќа да добие повик од продукцијата за втор круг, а неговиот настап можете да го погледнете на 27та минута и 20 секунди.