Научниците создадоа хартија отпорна на оган и вода

Весникот “South China Morning Post” објави дека научниците од Институтот за керамика во Шангај произвеле хартија отпорна на оган и вода.

Научниците во структурата на хартијата додале посебен вид на калциум, изолиран од животински коски и забна глеѓ – хидроксиапатит.

Новата хартија е отпорна на топлина и до 200 степени, како и на различни видови течности.

Лидерот на истражувачкиот тим Џу Јинџи, вели дека и порано постоела хартија која е отпорна на оган или вода, но оваа хартија е прва која е отпорна на сите фактори.

“Овој вид на хартија ќе биде погодна и за важни документи кои лесно ќе можат да се чуваат со векови без специјално опремени архивски простории. Овој изум исто така ќе стави крај на ерета во која поплавите и пожарите го уништуваат важниот историски материјал”, вели Џу.

Научниците работеле на проектот од 2008 година, а на пазарот оваа хартија ќе се најде во наредните три месеци. Почетната цена ќе биде нешто повеќе од обичната хартија, но масовното производство со време ќе доведе до намалување на цената.

Во еден ресторан во Шангај, храната се служи точно во садови направени од ваквата хартија, која не гори ни кога се грее на отворен пламен.

Погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *