Наскоро започнува најбруталното реално шоу. Дозволено е силување и убивање

Натпреварувачите во новото руско реално шоу, опремени со ножеви, ќе бидат фрлени на девет месеци во сибирската сурова дивина во борба со мечки, волци и екстремно ниски температури.

30 натпреварувачи од различни држави ќе се натпреваруваат за 1,55 милиони евра тешка награда, а правилата се толку брутални што уште пред да почне да се емитува шоуто, различни здруженија од разни страни на светот се јавуваат и се бунат за правилата и условите во истото.

Шоуто дозволува „тепање, убивање и силување“ и тоа е она кое ги шокира добар дел од луѓето. Иако на прв поглед не се разликува од дистописката Hunger Games, 30-те натпреварувачи, од кои половината се жени, ќе бидат буквално фрлени на преживување во сибирската дивина, каде освен со животните, ќе се борат и со екстремно ниските температури од -40 Целзиусови, па и пониски.

Се споменуваше дека натпреварувачите ќе бидат вооружени и со огнено оружје, што подоцна се испостави како погрешна информација. Ќе бидат вооружени само со ладно оружје. Тепачки, алкохол, убиства, силување, пушење – сето ова е дозволено со пропишаните правила.

Мозокот зад идејата за ова шокантно реално шоу е 35-годишниот Јевгениј Пјатковски, кој вели дека тој со ова нема да има ништо, туку натпреварувачите сами ќе ги проучуваат правилата и своеволно ќе потпишат дека сакаат да учествуваат во истото.

Сепак, ситуацијата ја смируваат продуцентите, кои потенцираат дека рускиот казнен закон веднаш ќе стапи во сила доколку некој од натпреварувачите почне сериозно да подивува. „Ако има докази за криминални акти, полицијата ќе го приведе лицето“, велат од продуцентскиот тим. Критичарите, сепак, тврдат дека правилата ќе ги одведат до дивјачко однесување, бидејќи самите натпреварувачи ќе бидат принудени да живеат како диви животни.

Натпреварувачите мора да се полнолетни, ментално здрави, а бизарен факт е дека за учество во ова шоу ќе мора да платат над 150.000 евра, иако некои од учесниците ќе учествуваат бесплатно, извлечени во онлајн гласање.

Нема да има присуство на филмски екипи, туку целиот простор ќе биде опсаден со околу 2.000 фиксни камери, а секој од натпреварувачите и на себе ќе има монтирано по една подвижна камера. Шоуто ќе се емитува 24 часа дневно, со превод на повеќе странски јазици. Почетокот на истото е планиран за јули, идната година, а продуцентите веруваат дека истото ќе привлече „богати луѓе склони да ризикуваат и се во потрага по врвни предизвици“.

Пред да бидат фрлени на милост и немилост во сибирските тајги, натпреварувачите ќе поминат обука која ќе им ја држат бивши оперативци од руската елитна единица Спецназ, но откако ќе бидат препуштени сами на себе во областа каде снегот никогаш не се топи, на пример, ќе бидат принудени да успеат да уловат риба која се наоѓа од другата страна на дебелиот мраз и ќе бидат соочени со многу други предизвици.

Продуцентите тврдат дека интересот заега е повеќе од солиден, а секој од натпреварувачите на себе ќе има panic button поврзано со сателит. „Сите кои ќе преживеат и издржат девет месеци, ќе ја делат наградата“, вели Пјатковски.

преземено од: taratur.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *