Напредок на листата на „Транспаренси интернешнл“ за борба со корупцијата

Македонија се искачи за 24 места според Индексот за перцепција на корупцијата, покажува извештајот на Транспаренси интернешнл.

Со 39 индексни поени државата се наоѓа на 87 место, што е подобрување од лани, кога со 35 индекни поени Македонија се наоѓаше на 111 место.

Меѓутоа, и покрај големиот скок, Македонија е во друштво на Виетнам, Танзанија, Суринам, Мароко, Етиопија, Колумбија, Косово.

Во регионот Македонија е на подобро место од Србија, Албанија и Босна и Херцеговина.

-Значи имаме подобрување, но тоа не значи дека е многу добро. Резултатот е се уште многу висок. Се уште е под половина, под 50 поени и се уште сме многу пониско од таму кадешто сме биле во 2015 година кога сме биле на 66 место.

Според власта, скокот на Македонија се должел на сериозниот напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

-Ова е најдобро рангирање за нашата држава во последните шест години. Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според опозицијата, пак, нема никакво отскокнување за рејтингот на Македонија бидејќи се уште се наоѓа во групата 87 до 95 место.

-Македонија останува во групата најкорумпирани држави во Европа. Очигледно борбата со корупцијата не постои во Македонија, а тоа го докажува и извештајот на Транспораренси, рече Стоилковски.

Од Транспаренси велат дека генерално во светот се бележи ПАД во перцепцијата за корупција. Првото место, како и лани го делат Данска, Финска и Нов Зеланд со 88 индексни поени. Четвртото место, пак, го делат Норвешка, Сингапур и Шведска со 85 индексни поени.

Последно рангирани се Јемен, Венецуела, Сомалија. Сирија и Јужен Судан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *