Наместо црвен картон од судијата, фудбалерот однесен директно во притвор. Судијата нокаутиран

Неверојатна сцена овој викенд е забележана во третата фудбалска лига на Португалија, каде фудбалер на Канелас 2010 е приведен од страна на полицијата, бидејќи физички го нападна судијата.

Марк Гонкалвес најпрво заработи директен црвен каротн, заради груб старт врз противнички играч, а потоа незадоволен од оваа одлука го нападна судијата, па дури и го удри со колено во глава.

За среќа, полицијата веднаш реагираше и го приведе напаѓачот, со што беше спречен поголем инцидент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *