Навивачите на Реал до Роналдо: „Моравме девет години да те лажеме дека си подобар од Меси“

Роналдо прејде од Реал Мадрид во Јувентус, во најголемиот трансфер за италијанскиот фудбал.

Навивачите на шпанскиот клуб тешко го прифатија сето ова, но ќе мораат да се помират со фактот дека Роналдо повеќе не игра за нивниот клуб.

Но, Португалецот ги налути во оној момент кога по доаѓањето изјави дека воопшто не му било тешко да донесе одлука.

Поради тоа, еден навивач на Реал својот бес го „истури“ на Твитер каде на жесток начин го навреди Роналдо.

„Вака ни враќа затоа што моравме девет години да лажеме дека е подобар од Меси“, напиша разочараниот навивач.

Овој коментар покрена и лавина други коментари. Луѓето се надоврзаа на зборовите на овој лут навивач, но речиси сите беа едногласни дека ова е најбруталната навреда за Роналдо досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *