Музеј за инвентивни промашувања

Шведскиот Музеј на промашувања крие некои богатства за нкои можеби никогаш не сте слушнале, но кои доведоа до навистина револуционерни производи. Самуел Вест, 43-годишен психијатар е сопственик на своевидна колекција од околу 50 инвентивни, но сепак пропаднати производи.

Светот е полн со пропаднати работи. Пропаднати општества, политичари, влади, спортисти, познати личности, компании и инвентивни производи. Овој шведски музеј покажува како одредени идеи пропаднале и на тој начин им го отвориле патот на други за профитабилни бизниси. Вакви иновации има многу и се разновидни. Од Форд Едсел, интернет пред интернетот и мобилните со копчиња или твитањето, па се до легендарното промашување на Apple, Newton.

Оваа изложба која ја осмисли 43-годишниот Самуел Вест е сместен во Хелсинборг во Шведска, и ви ја раскажува приказната за сите тие производи. Причините поради кои пропаднаа овие производи се различни, а ова кратко видео ви покажува некои од нив. Веројатно не треба да објаснуваме зошто играта „Trump the game“ заврши лошо. Но, има и некои прилично единствени предмети, како Teleguide, кој требаше да биде интернет пред интернетот. Можевте да пребарувате телефонски броеви од базата на податоци и да ги повикате со помош на слушалка сместена од горната страна на екранот. Генијално.

Како оваа, и други идеи кои беа пред своето време и чинеа многу, исто така беа осудени на пропаст. Многи производи на Apple паднаа во заборав на ист начин. Раните прототипи на паметните телефони работеа на поинаков начин. Twitter Peak беше наменет само за твитање и чинеше 200 доларуи. Amazon го лансираше својот телефон наречен Fire, со посебно копче за купување, а притоа ги занемари корисничките потреби.

Знаеме дека 80 до 90 проценти од иновативните проекти пропаѓаат и никогаш повеќе нема да слушнете за нив, но барем можеме да научиме нешто од тие промашувања“, рече Вест.

Раѓањето на дигиталната ера не влијаеше само на пазарот на мобилни и компјутери, туку и на нашите преференци како купувачи. Напредувавме од VHS касети до CD и DVD. Но, и тие се сега дел од минатото. DivX беше DVD кој сам се уништи 48 часа по гледањето. Купувавте нешто што можеше да се користи само одреден период. Дури и позајмувањето на видео-касети беше попракрично и за здравјето и за околината. Не е ни чудо што сите го мразеа DivX и дека не стана популарен.

Маската за лице која работеше на принципот на електрошокови е само шлаг на тортата. Кој би користел вакво нешто?! Сепак, овие несреќни производи не се промашувања во целост. Основната идеја на овој музеј е да покаже што ги направи овие производи промашувања. Меѓу изложените можете да го пронајдете и Apple Newton, кој навистина можеме да го сметаме за рана и ужасна верзија на iPhone и iPad.

Ако имате прилика да ја посетите оваа изложба, немојте да ја пропуштите. Можеме само да ви ветиме дека нема да бидете разочарани.

Извор: The Verge

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *