Момче и девојка од Штип се обесиле поради недозволена љубов?

Двојна трагедија во Штип – момче и девојка си го одзеле животот на идентичен начин. Жителите на градот се во шок, тага и неверување за трагичниот настан.

Штипската телевизија Стар јавува дека синоќа со бесење животот си го одзела 22 годишна девојка од градот. Претходно беше јавено дека завчера кај археолошкиот локалитет Баргала се обесило 25-годишно момче. Неговото тело го пронашле локални жители. Полицијата извршила увид, а телото било предадено на обдукција.

Изворите на ТВ Стар велат дека причина за двете трагедии е недозволена љубов. На местото на синоќешната несреќа увид извршиле полицијата и јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *