Млад штипјанец дел од најголемата сајбер кражба во САД

Штипјанец дел од досега најголемата откриена сајбер криминална организација. 28-годишниот Марко Леопард се товари за учество во криминална организација која вршела кражби на идентитети, кредитни картички, финансиски и банкарски информации, со што успеале на нелегален начин да извлечат 530 милиони долари од сметки на граѓани од целиот свет. Информацијата официјално е објавена на веб страната на американското Министерство за правда на 7-ми февруари . Мозок на 36-члената организација бил Свјатослав Бондаренко од Украина,  а биле вклучени хакери од Пакистан, Англија, Украина, Египет, Косово, Австралија, Молдавија, Украина, Америка. Како што пишува на официјалниот сајд на Министерството за правда оваа акција е опишана  како една од најголемите кибер-преслушувања направени до сега.

  
Според обвинението, Инфрауд организацијата била формирана во 2010, а нашиот штипјанец и се приклучил една година подоцна. Сите членови во организацијата имале дефинирани улоги во хиерархијата на организацијата. На чело биле администратори, а штипјанецот Леопард бил последен во мрежата и негова задача била успешно да ги крие трагите на хакерите.
28годишниот штипјанец, кој работел под прекарот Леопард.мк е уапсен надвор од Македонија, што е негово второ меѓународно апсење за компјутерска измама.
Денеска стапивме во контакт со член од неговото семејство, кој потврди дека Леопард не е во Македонија, а компјутерската измама на векот ја нарече дезинформација и административна грешка.
Куриозитет за ова семејство е дека синовите чии кум им е Аркан, своите имиња во Леопард и Тигар ги променија пред неколку години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *