Младите фудбалери од ФК Академија САСА патуваат на два меѓународни пријателски натпревари во соседна Бугарија

Два пријателски натпревари на фудбалските групи до 11, односно 13 години од ФК Академија САСА, утре ќе одиграат пријателски натпревари против ФК Орлетата од Благоевград во соседна Бугарија.

  • Утре патуваме во Благоевград, Бугарија каде две наши групи ќе одиграат пријателски натпревари против своите врсници од ФК Орлетата. Фудбалерите до 11 и до 13 години, покрај можноста за надигрување на зелениот терен, ќе имаат можност за запознавање и целодневно дружење, – истакнуваат од управата на ФК Академија САСА од Македонска Каменица

ФК Академија САСА, работи како младинска фудбалска школа, каде во моментов активно тренираат над 40 млади фудбалери од Македонска Каменица. Пријателските натпревари во Благоевград почнуваат од 11:00 часот, кога настануваат екипите до 11 годишна возраст, додека повозрасните играат од 12:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *