Младиот каменичанец Лазар Стојановски се врати во редовите на својата САСА

Македонска Каменица, 20.02.2021 година – Младиот каменичанец Лазар Стојановски се врати во екипата на Каменица Саса.

Стандардниот првотимец во редовите на младинскиот тим од Академија Пандев го прифати предизвикот и понудата на својот матичен клуб и се врати во родната Македонска Каменица. На општо задоволство на каменичката спортска јавност, младиот Лазар Стојановски во претстојната полусезона ќе настапува во дресот на Каменица Саса.

Му посакуваме многу успеси и среќа, со надеж дека ќе го гледаме како првотимец и стандарден играч во редовите на нашиот фудбалски миленик, екипата на ФК Каменица САСА.

Екипата на Саса од Македонска Каменица продолжи да се екипира за пролетната полусезона.

Исто така, во редовите на Каменица Саса дојде и Андреј Ричков, досегашен играч на екипата на ГФК Осогово од Кочани.

И двајцата се веќе регистрирани во ФФМ и имаат право за настап за второлигашот. Саса ги одработува последните подготовки пред продолжението на ВМФЛ-Исток кое е закажано следниот викенд.

Саса се наоѓа на петтото место во ВМФЛ-Исток и има 20 бода на своето конто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *