МИНИ САЕМ ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 16.10.2019 година – Општина Македонска Каменица со Здружението на бизнис жени  – Бизнис поврзување преку Б2Б средби, Ве покануваат на организираниот настан Мини саем за жени претприемачи. Настанот ќе се одржи во Домот на култура, на 19. Октомври 2019 година, со почеток од 11 часот.

Во рамките на настанот присутните ќе се запознаат работата и перспективите на општина Македонска Каменица, како и со мисијата и активностите на Здружението на бизнис жени, Екологијата и придобивките од заштитените подрачја на териротијата на нашата општина, а ќе бидат споделени и информации и совети за пристап до финансии.

При тоа се предвидени Б2Б средби за жените претприемачки, како одлична можност за нив, да ги презентираат своите производи и услуги, да ги развијат деловните мрежи, да воспостават нови контакти за соработки и да остварат деловни партнерства.

Во рамките на настанот, предвиден е и Мини саем, на кој заинтересираните компании ќе можат да ги изложат и претстават своите производи и услуги. Настанот е одлична можност за запознавање со можностите за развој и поврзување на бизнисот.

Заинтересираните учесници на Мини саемот и Б2Б средбите можат да се пријават на contact@makedonskakamenica.gov.mk најдоцна до 18. 10 2019 година. Штандовите за посетителите ќе бидат достапни до 15:00 часот во сабота, 19. 10. 2019 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *