Минатиот викенд се случија повеќе тешки кражби во Македонска Каменица

cropped-6.-Juni.jpgВо текот на минатиот викенд во централното градско подрачје на Македонска Каменица се извршени повеќе тешки кражби со обивање на повеќе малопродажни прехрамбени објекти и еден салон за мобилни телефони. Причинета е значителна материјална штета во сите објекти, а и пријавената украдена стока е со износ од над неколку илјади евра. Само од салонот за мобилни телефони се украдени над десетина мобилни телефонски апарати како и друга техника.
МВР трага по сторителите на извршените кражби. Нивниот идентитет сеуште не им е познат на органите, но активно работат на случајот. На оштетените дуќанџии им останува само да се надеваат дека во најскоро време сторителите на кражбите ќе бидат откриени и фатени. Бројот на ваков вид кражби последните неколку години во Македонска Каменица е во особен пораст, при што често мета на крадците се и приватни домови и имоти, што предизвикува загриженост кај жителите на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *