Мигрантите се судрија со полицијата: хаос во Бугарија

Безредија и судир со бугарската полиција предизвикаа емигранти во бегласкиот камп во градот Харманли на југот на Бугарија. Во овој камп се сместени околу 3000 емигранти. Вчера, тие запалиле мебел и автомобилски гуми, фрлале камења и други предмети врз полицајците, кои употребиле воден топ за да ги разбркаат. Демонстрантите накратко ја пробиле оградата на кампот, но набрзо биле вратени назад. Кампот пред два дена беше затворен поради извештај за епидемија на зараза.

По упадот на демонстрантите биле оштетени неколку згради, вклучувајќи ја и кантината.

Бугарија, со намера да го спречи влезот на емигранти на нејзина територија постави ограда на границата со Турција.  Во најсиромашната земја во Европската Унија има околу 13000 мигранти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *