„Медена земја“ премиерно во Домот на култура во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 14.10.2019 година – На 17 Октомври со почеток од 19:00 часот во Домот на култура ќе се прикажува македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Од општинската установа КИЦ „Романса“ Македонска Каменица изјавуваат дека „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ е еден од најнаградуваните македонски документарни филмови. Со победа во три категории на почетокот на годинава триумфрираше на престижниот филмски фестивал „САНДЕС“. „Медена земја“ е годишен македонски кандидат за „Оскар“ и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди.
Бројот на влезници е ограничен. Картите можат да се купат од просториите на Дом на култура по цена од 100 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *